Како да поврзете MetaMask со мрежи како Binance Smart Chain, Polygon, Avalanche и Harmony

За што служи MetaMask

MetaMask е една од најприфатените апликации за менаџирање на крипто адреси. Всушност, MetaMask е паричник што служи не само за чување и праќање на токени, туку и за автентикација на веб страни што интегрираат Web 3.0 технологија. За логирање на еден вебсајт наместо емаил адреса и лозинка сега ви е потребно само идентификација преку вашиот MetaMask. За повеќе информации околу MetaMask апликацијата погледнете тука.


Потребни информации за поврзување на друга мрежа

Основната конфигурација на MetaMask е поврзана со Eterum Mainnet, но исто така може да работи и со други мрежи како Binance Smart Chain, Polygon Network, Avalanche Mainnet, Harmony One итн. За да додадете нова мрежа на MetaMask потребни ви се следниве информации од таа мрежа: име на мрежата (Network Name), адреса на мрежата (RPC URL) и број за идентификација на мрежата (Chain ID). Целиот процес се сведува на два чекори.


Чекор 1

Кликнете на “Ethereum Mainnet” горе десно до аватар сликичката, и кога менито ќе се отвори кликнете на “Add Network”.


Чекор 2

Ова е формата што треба да ја пополнете со информациите од мрежата на која сакате да пристапите преку MetaMask. Има само три задолжителни полиња што треба да се пополнат и тоа: Network Name, RPC URL и Chain ID.

На оваа листа ќе ги најдете основните податоци што ви се потребни за успешно да го поврзете MetaMask со најпопуларните блокчејн мрежи.



Binance Smart Chain

Network Name: Binance Smart Chain
RPC URL: https://bsc-dataseed.binance.org/
Chain ID: 56
Currency Symbol: BNB
Block Explorer: BSCScan
➡️ Официјална страна


Polygon MATIC

Network Name: Polygon MATIC
RPC URL: https://polygon-rpc.com/
Chain ID: 137
Currency Symbol: MATIC
Block Explorer: Polygonscan
➡️ Официјална страна


Avalanche

Network Name: Avalanche Mainnet C-Chain
RPC URL: https://api.avax.network/ext/bc/C/rpc
Chain ID: 43114
Currency Symbol: AVAX
Block Explorer: Snowtrace
➡️ Официјална страна


Harmony Mainnet

Network Name: Harmony One
RPC URL: https://api.harmony.one
Chain ID: 1666600000
Currency Symbol: ONE
Block Explorer: Harmony Block Explorer
➡️ Официјална страна


Ако сметате дека оваа статија е корисна и нуди вредност, тогаш сподете ја со некој друг на кој му се потребни овие информации. Секое споделување на било која содржина од Крипто Култура овозможува овој проект да продолжи да се развива. Ако сакате повеќе крипто дискусии, најдете нѐ на Твитер како @kripto_kultura.


ВАЖНО. Крипто Култура не одговара за било каква грешка/злоупотреба што би можела да биде последица од изнесените податоци на оваа страна. СЕКОГАШ проверувајте ги официјалните канали на проектите на која мрежа сакате да бидете поврзани.

Rate:

4.7 out of 5 stars(3 ratings)

Напишете коментар

Блог

Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.

За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.

Погледни ја оригиналната статија што го содржи целосното…

Прочитај повеќе

Овој водич е напишан од Петар, ДеФи ентузијаст кој се потруди да…

Прочитај повеќе

Запомни дека ова што го правиме тука не е валута [Биткоин]. Ова е…

Прочитај повеќе

Newsletter

Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!

За Крипто Култура

Од заедницата - за заедницата

Навигација
Заследи