Тргување со криптовалути – Комплетен водич (2026)

Вибрантна илустрација со крипто графикон, биткоин монети и динамични елементи во бои на брендот на КріптоКултура, симболизира крипто тргување.

Тргувањето со криптовалути станува сѐ популарно низ светот, а сѐ повеќе луѓе бараат практичен, јасен и проверен начин како да започнат. Во овој водич ќе ги опфатиме основите на крипто тргувањето – од тоа што претставува, кои пазари постојат, кои поими мора да ги знаете, како се чита графикон, па сѐ до тоа како да започнете безбедно и правилно.

Доколку ви се потребни општи информации за криптовалутите прочитајте ја статијата Што се криптовалути? или доколку барате како најлесно да купите или продадете крипто тогаш статијата Како најлесно се продава или купува критпо од Македонија е за вас.

Ова е вашиот вовед во крипто тргувањето, без непотребни комплицирања.


Што е крипто тргување?

Крипто тргување претставува купувaње и продавање криптовалути со цел да остварите профит од промените во нивната цена. Едноставно нели?

Пример:

  • Купувате Bitcoin по цена од 50.000$
  • Продавате кога ќе достигне 55.000$
  • Разликата од 5.000$ е ваш профит

Но цените на криптовалутите се многу динамични – можат да растат или паѓаат за неколку проценти во само неколку минути. Токму поради оваа волатилност, многу трејдери гледаат можност за заработка.

За повеќе информации околу постоечките онлајн менувачници погледни ја нашата листа од менувачници.


Видови пазари (Spot, Futures)

Кога тргувате со криптовалути, најчесто ќе се сретнете со два типа пазари:


1. Spot пазар

Ова е наједноставниот и најбезбеден начин на тргување.

✔ Купувате вистинска криптовалута
✔ Ја поседувате
✔ Можете да ја држите, испратите или продадете

Пример: Купувате 1 ETH → тој ETH е ваш, можете да го чувате во wallet.

Spot е најдобар избор за почетници.


2. Futures (Фјучерси)

Фјучерси се договори со кои спекулирате дали цената ќе расте или ќе паѓа, без да поседувате криптовалута.

✔ Можете да заработите ако цената расте (Long)
✔ Можете да заработите ако цената паѓа (Short)
✔ Можете да користите leverage (позајмен капитал)

Но…

⚠ Futures е ризичен пазар за почетници, затоа што leverage може да ве ликвидира ако цената се движи против вас.


Основни поими што мора да ги знаете

За да разберете како функционира тргувањето, треба да ги познавате основните термини. За подетални информации за сите крипто изрази на едно мето посети го нашиот Крипто Речник.


Leverage (Позајмена моќност)

Ви дозволува да тргувате со поголема сума од она што го имате.

Пример со 10× leverage:

  • Ваш капитал: 100$
  • Вкупен позиција: 1.000$

Може да донесе голем профит, но и голем загуби.
Не се препорачува за почетници.


Margin

Ова е капиталот што го вложувате за да отворите позиција со leverage. Ако пазарот се движи против вас – можете да бидете ликвидирани (да изгубите сѐ).


Liquidity (Ликвидност)

Покажува колку лесно може да се купи/продаде криптовалута без големи промени во цената.

Поголема ликвидност = посигурен пазар.


Volatility (Волатилност)

Колку брзо и колку многу се менуваат цените.

Крипто е високо волатилен пазар → затоа има многу можности, но и ризици.


Order Types (Налози)

  • Market order – веднаш купува/продава по тековна цена
  • Limit order – поставувате цена по која сакате да купите/продадете
  • Stop-loss – автоматски затвора позиција за да спречи големи загуби

Овие поставки се основа на секој сериозен трејдер.


Како функционира крипто графикон?

Графиконот е вашата најважна алатка. Најкористен е candlestick графикон (свеќичен графикон).

Секоја свеќичка ја покажува цената во одреден временски период (1m, 5m, 1h, 1d):

  • Отворачка цена
  • Затворачка цена
  • Највисока цена
  • Најниска цена

Со читање на графикон можете да видите:
✔ тренд (растечки/падечки)
✔ волатилност
✔ нивоа на поддршка (support) и отпор (resistance)

Ова е основата на техничката анализа.


Како да започнете со тргување со криптовалути

Ако сте целосен почетник, следете ги овие чекори:


1. Изберете сигурна крипто-берза

Најпопуларни:

  • Binance
  • Bybit
  • OKX
  • Coinbase

Изберете берза со:
✔ висока ликвидност
✔ ниски провизии
✔ добра репутација
✔ можности за почетници


2. Направете акаунт и вклучете безбедност

  • KYC верификација
  • Активирајте 2FA (Google Authenticator)
  • Активирајте anti-phishing код

Ова е огромно важен чекор.


3. Направете депозит

Можете да депонирате:

  • Банкарска картичка
  • SEPA
  • P2P
  • Друг крипто wallet

4. Направете ја првата трансакција на Spot

На пример:
Купете малку BTC или ETH за да се запознаете со платформата. Ако не сте сигурни како да го купите првите криптовалути, тогаш статијата Како најлесно се купува или продава крипто од Македонија е за вас.


5. Учете постепено и избегнувајте ризични пазари

Не користете leverage додека не го разбирате целосно пазарот. И секгаш имајте поглед кон најновите случувања во крипто светот. Затоа и на Крипто Култура имаме и цела секција маркирана со ресурси за тргување со криптовалути.


Заклучок

Тргувањето со криптовалути нуди огромни можности, но бара знаење, дисциплина и правилен приод. Најважно е да се почне со основите – Spot пазар, правилно читање на графикони и разбирање на ризикот.

Ако сметате дека информациите што ги прочитавте во статијата се добри слободно споделете го овој текст со некој друг, или посетете ја нашата Facebook страна или Twitter профил.

Rate:

5 out of 5 stars(1 rating)

Напишете коментар

Статии

Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.

За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.

ISO 20022 почнува да се применува во целиот свет од Ноември 2022, кој е…

Read more

https://youtu.be/ylbNYBj6JnE Музички токени - Доста мала категорија каде…

Read more

Newsletter

Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!

About

Од заедницата - за заедницата