Како да купам Биткоин

Како најлесно се купува и продава крипто од Македонија

Во оваа статија ќе најдете одговор на прашањето “Како да купам Биткоин” и ќе прочитате како најлесно можете да купите Биткоин или друга криптовалута од Македонија. Исто и како и каде можете да ги чувате токените и на крај како да ги претворите назад бо долари, евра или денари.


Купување

Во принцип можеш да купиш крипто на два начини, и тоа:

Со кеш

Ова е дефинитивно најлесен начин да стигнеде до Биткоин, Тетер или друга криптовалута. Еве неколку начини како може да најдете некој што продава крипто:

  1. Поставете прашање на некоја од следниве Телеграм групи.
  2. Посетете локална крипто менувачница

Со MK картичка

Овој начин на купување на крипто е нешто поскап од купувањето со кеш во поглед на провизии. Постојат повеќе сервиси на интернет кои поддржуваат македонски картички. Сите сервиси имаат свои правила, провизии и можеби и верификација на идентитет. Пред да ги користите добро прочитајте ги правилата и начинот на користење. Еве три веќе испробани такви сервиси:

За да погледнете листа од сите сервиси кои поддрживаат македонски картички кликнете тука.



Чување

Се што ви е потребно за да чувате крипто е паричник апликација или crypto wallet. Тука можете да ги видите најдобрите апликации за чување на крипто и други токени. Пред да ги користите прочитајте дали го поддржуваат токенот кој го имате.

MyEtherWallet и MetaMask се најпрактични решенија за работа со сите ERC20 токени на Ethereum.

НАПОМЕНА: Чувањето на Биткоин или други токени на централизирани менувачници претставува додатен ризик за вашите средства. За да бидете сигурни дека вашите токени не зависат од трето лице, чувајте ги на посебна паричник апликација која поддржува seed phrase (12 или 24 зборчиња) или приватен клуч од адресите.


Продавање

За продавање на крипто принципот е ист и можете да ги искористите телеграм групите или некоја од локалните менувачници.

Трета опција е да искористите менувачница како FTX со што ќе ви дозволи размена на Биткоин или други токени со фиат валути како евро или американски долар. Потоа со верификација на идентитет од страна на менувачницата, ќе добиете можност да направите банкарска транскација и да ги пратите парите директно на вашата банкарска сметка.


Екстра

Информации за сите токени, менувачници и парови на тргување на пазарот можете да најдете на CoinMarketcap или CoinGecko.

Погледнете ја официјалната статија на Народна Банка на Република Македонија за прашања и одговори за крипто-средствата.

Доколку со читањето на статијава стигнавте до некои одговори на прашањето како да купам Биткоин или било кој друг крипто токен, тогаш сподете ја со некој што му е потреба истата информација. За повеќе крипто разговори и дружење приклучи се на нашања ФБ страна Криптовалути Македонија или на Твитер Крипто Култура.

Rate:

5 out of 5 stars(11 ratings)

Спонзорирано

Што е Биткоин во 5 минути

4 Коментари

Напишете коментар

Блог

Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.

За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.

DCA и неговата практична примена во претходните два циклуси на BTC…

Прочитај повеќе

Oracles - се специјална врста на крипто проекти кои го поврзуваат…

Прочитај повеќе

ISO 20022 почнува да се применува во целиот свет од Ноември 2022, кој е…

Прочитај повеќе

Newsletter

Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!

За Крипто Култура

Од заедницата - за заедницата

Навигација
Заследи

Блокатор на реклами

Здраво! Покажете ја Вашата поддршка и исклучете го Вашиот блокатор на реклами. Благодарни сме за Вашата поддршка.

Refresh Page
x