Што се криптовалути?

Што се криптовалути? Тука ќе прочитате сѐ што треба да знаете за основните особини на една криптовалута и како се разликуваат од останатите декретни валути. Што значи да се користи децентрализирана технологија и која е иновацијата позади криптовалутите или крипто токените.

Содржина


Вовед во криптовалути

Криптовалута или крипто токен претставува дигитална или виртуелна валута што е обезбедена преку криптографија и го прави фалсификувањето и дуплото трошење скоро невозможно. Многу криптовалути се децентрализирани мрежи базирани на блокчејн технологија. Најдобро дефинирана особина на криптовалутите е дека не се издадени од ниедна централизирана институција или држава и тоа ги прави отпорни на манипулација и екстерно влијание од државни органи или регулации.


Главни особини на криптовалутите

Криптовалутите се достапни само во дигитален облик. Бидејќи не постои физичка форма (пр. кеш), за пристап до крипто адреса потребни ви се само паричник апликација. Погледнете ја нашата листа на паричници што можете да ги користите за купување, примање или испраќање на криптовалути.

Моќта на децентрализираната технологија

Криптографските валути работат на децентрализирана мрежа. Тоа значи дека не постои еден централен сервер што ги чува сите податоци од мрежата. Благодарение на децентрализираната природа на криптовалутите, податоците се чуваат на многу поврзани компјутери (nodes) и секој од нив има копија од сите трансакции во мрежата (целата историја). Со ова се спречува можноста за манипулација на мрежата и претставува додатна безбедност за користење на криптовалутите.



Отворени податоци

Сите податоци се целосно јавни и секој кој има интернет конекција може да се поврзе на мрежата и да ја разгледа целосната историја на трансакци во реално време. Ова секако има различна имплементација од проект до проект, но во главно, повеќето криптовалути го користат овој концепт на отворена и децентрализирана мрежа.

Слободен пристап

За да користите една критповалута не ви е потребна никаква дозвола (permission-less). Сѐ што ви е потребно е уред со интернет конекција. Заради децентрализираната природа на оваа технологија користењето на истата е неограничено, што значи дека секој може да ја користи како сака и кога сака.

Замислете свет каде што сите користат нешто фер и праведно за да ги решат економските разлики меѓу себе.

Мајкл Сејлор

Конечност без интерпретации

Трансакциите што се извршуваат се внесувани во мрежата и тие трансакции не можат да се изменат. Тоа значи дека ниедна трансакција не може присилно да се врати на праќачот од било кој авторитет, освен од оној кој има пристап до таа адреса. Податоците остануваат да “живеат” на мрежата и се отворени за сите.

Достапни нон-стоп

Децентрализираната мрежа нема работно време, односно нема време кога не работи. Криптовалутите се достапни во целост за сите во било кое време, без разлика на кое место во светот се наоѓате или времето од денот кога сакате да ги користите.

Погледнете ја книгата “The Internet of Money” за повеќе информации за иновацијата на децентрализираната економија и парите на интернетот.


Колку криптовалути постојат?

Биткоин е првата криптовалута и децентрализирана мрежа што започна со работа во 2009та година и сеуште е најголемата криптовалута според пазарната капитализација.

До денес, според Coin Market Cap за време на пишувањето на оваа статија нивната база содржи повеќе од 12 илјади различни криптовалути или токени.

Најпознати платформи за следење на цената на крипто токените:

Според вредноста криптовалутите може да се карактеризираат како:



Криптовалути со шпекулативна вредност

Цената на овие криптовалути во најголема мера зависи од потребата и побарувачката на пазарот, што значи дека цената на еднен токен е подложна на големи движења.



Стабилни криптовалути (stablecoins)

Како што кажува името, овие криптовалути имаат стабилна вредност и се поврзани со фиат валути во размер 1:1. Погледнете ја листа на најголемите стабилни валути на пазарот на овој линк.


Како може да се купи криптовалута?

Купувањето на крипто токени станува значително полесно и едноставно. Накратко, крипто може да се купи на неколку начини:

За подетални информации во врска со купување и продавање на крипто токени погледни ја статијата Како најлесно да купиш/продадеш крипто од Македонија.


Кои се ризиците од вложување во криптовалути и крипто токени?

Ова е една кратка листа на основните ризици што секој почетник треба да ги знае:

  • Твој клуч – твои средства
    • Крипто токените работат по принцип на енкриптиран клуч. Едноставно кажано, за пристап до секоја адреса ви е потребен приватен клуч. Доколку средствата се наоѓаат на некои од централизираните менувачници, тогаш менувачницата е одговорна за средствата (приватниот клуч од адресата не е во твоја соственост, туку во сопственост на менувачницата). Секој проблем со менувачницата или со централниот авторитет претставува ризик за твоите токени. Најбезбеден начин за чување крипто токени е на некоја парична апликација (wallet) што поддржува генерирање на адреса преку приватен клуч или безбедносни зборчиња (seed phrase).
  • Волатилност
    • Волатилноста кај новите пазари, специфично крипто индустријата, е на високо ниво. Односно, шпекулативните криптовалути се подложни на големи и драстични движења во цената.
  • Програмерски грешки и хакови
    • Од една страна, отворената природа на криптовалутите е она што е најатрактивно кај повеќето инволвирани лица, но исто така тоа претставува и додатен ризик затоа што случајни багови во кодот се доста чести. За да сбидете безбедни од хакови, бидете сигурни дека вие сте единствениот сопственик на приватниот клуч или користете ги безбедносните мерки кај централизираните менувачници како 2FA (Two-Factor Authentication)

Листата може да содржи уште многу точки, но најдоброто што можете да го направите е да се едуцирате повеќе за ризиците и како можете најдобро да се заштитете.



Правна регулатива за “Што се криптовалути” или крипто средствата во Македонија

Народна Банка на Република Македонија (НБРМ) има објавено листа на точки за кои додава детали за што се криптовалути и моменталната регулатива и начинот на управување со крипто средствата. За подетални информации погледнете ја листата на одговори на НБРМ.


Заклучок

Блокчејн индустријата е релативно нова и голем број од проектите се нешто повеќе од социјални експерименти. Брзината со која трендот се шири е значително побрза од онаа на трендот на присвојување на мобилните телефони или самиот интернет. Без двоумење оваа децентрализирана технологија содржи огромен потенцјал да го измени светот во кој што живееме.

Доколку информациите во оваа статија ви се допаднаа и сега точно знаеш што се криптовалути, заследи нѐ на Твитер или приклучете се во заедницата Криптовалути Македонија.

Rate:

4.4 out of 5 stars(5 ratings)

Напишете коментар

Блог

Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.

За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.

Newsletter

Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!

За Крипто Култура

Од заедницата - за заедницата

Навигација
Заследи

Блокатор на реклами

Здраво! Покажете ја Вашата поддршка и исклучете го Вашиот блокатор на реклами. Благодарни сме за Вашата поддршка.

Refresh Page
x