Седум основни правила што треба да ги знаете пред да инвестирате во криптовалутите

Во оваа статија ќе прочитате:

Со надеж за поголема заработувачка, повеќето од новите инвеститори во крипто сферата деновиве инвестираат во алт-коини наместо во Биткоин. Еве го моето размислување и неколку совети околу оваа тема, водено од мојата долгогодишна инволвираност и следење на крипто пазарите.

Важно е да разберете дека не можете да донесувате добри финансиски одлуки и да тврдите дека го разбирате крипто пазарот ако прво не го разберете Биткоинот како основен двигател на целиот систем. Треба да ги познавате неговите предности и недостатоци, како и основните фактори и техники потребни за да направите профитабилни инвестиции.

Ова е мојата листа на знаења што мислам дека секој од вас треба да ги има:

Пред да инвестирате големи суми во крипто, треба да се разбирате од:

  1. Пазарно чувство (market sentiment): Клучно е да се процени расположението на пазарот. Ова вклучува анализа на вести, трендови на социјалните медиуми и општо расположение на инвеститорите. Позитивното расположение може да укаже на добро време за купување.
  2. Фундаментална анализа: Анализата на основната вредност на Биткоин вклучува фактори како стапката на усвојување, безбедноста на мрежата, обемот на трансакции и институционалниот интерес. Позитивните случувања во овие области може да сугерираат добра можност за купување.
  3. Техничка анализа: Најчесто користени и најдобри показатели во оваа сфера се: средното движење на цената (moving averages), индексот на релативна сила (RSI), подвижна просечна конвергенција (MACD) и нивоата на Фибоначи. /Техничката анализа е само алатка и во никој случај не е кристална топка./
  4. Трендови на пазарот: Идентификувањето на трендовите во движењето на цените на Биткоинот може да помогне да се одредат оптималните влезни точки.
  5. Пазарни циклуси: Биткоинот историски минува низ циклуси на пораст и пад. Разбирањето на овие најчесто четиригодишни циклуси може да се искористи за купување за време на периоди на консолидација или корекција.
  6. Управување со ризик (risk management): Поставувањето јасни влезни и излезни точки, т.е. цени за купување и продавање, како и јасната претстава за големината на капиталот што можете да си дозволите да го вложите, е од суштинско значење за управување со ризикот.
  7. Макроекономски фактори: Фактори како инфлацијата, одлуките за монетарната политика и геополитичките настани можат драстично да влијаат на цената на Биткоинот. Разбирањето како овие фактори влијаат на пошироките финансиски пазари може да ви помогне да донесете многу поинформирани одлуки.

Ако сакате да сте попрофитабилни и да имате мирен сон, научете и почнете да ги применувате овие знаења и техники пред да инвестирате во Биткоин, а особено во алт-коините, затоа што Биткоинот секогаш бил и останува основна движечка сила на целата крипто индустрија.

Секогаш трудете се да го користите движењето на цената на BTC како компас пред да инвестирате во криптовалутите.

Rate:

0 out of 5 stars(0 ratings)

Напишете коментар

Блог

Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.

За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.

DCA - Dollar cost avarage представува стратегија на постепено инвестирање…

Прочитај повеќе

https://www.youtube.com/watch?v=Z1w9IH2h-r8&t=2s&ab_channel=CRYPTOGEMIDZIJA Storage/Меморија е…

Прочитај повеќе

Newsletter

Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!

За Крипто Култура

Од заедницата - за заедницата

Навигација
Заследи