Ова видео е обид за сумирање на глобалните активни и потенцијални воени конфликти кои на разни начини (намалување на расположливи ресурси, промена на глобални веле сили, нови и постоечки хуманитарни кризи и бранови на бегалци) можат да делуваат прво на традиционалните пазари а потоа и на крипто секторот. Сето она што ќе го видите е мое лично гледиште и не се извинувам на никого за моите лични мислења и ставови!
Не го гледајте ова видео од карактер на историја или политика туку обрнете внимание на економските импликации кои ги образложувам во него. Знам, имам свои пристрасни ставови кои едноставно неможе да ги прикриете кога станува збор за макро политичка сцена, но тоа е начинот на кој јас лично презентирам. Дел од вас ќе уживаат дел од вас можеби ќе бидат навредени, но да ве потсетам – ВАШАТА ДЕМОКРАТИЈА е основа на која секој има право на свое мислење, па дури и да не се совпаѓа со вашето. А моето, е базирано на факти и историја…
Проследете го ова следно видео во нашиот напреден курс за техничка анализа на пазари, користење алатки на Trading view платформата, структури и начини на тргување на пазарот. Се надеваме ќе ги најдете корисни овие почетни видеа на нашиот канал и ќе научите нешто повеќе за техничката анализа. Сето она што е објавено на нашиот канал е од исклучиво едукационен карактер. Ве повикуваме да оставите ваш коментар со мислење околу нашите содржини и да ни помогнете да го унапредиме нашиот нов канал.
Секоја ваша помош со ставање на Like на нашите видеа, субскрипција на нашиот канал како и споделување на овие материјали помага во распространување на оваа незастапена наука во Македонија па и пошироко, за што сме ви однапред благодарни. Помогнете ни да пораснеме како канал за да можеме ние да помогнеме на многумина во нашата земја на кои им се потребни овие едукативни материјали. Ви благодариме за соработката и се надеваме уживате во нашите материјали.
Со почит – Крипто Гемиџија
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.