5ти ноември, или попознат како Gunpowder treason and plot во Англиската историја … инспирацијата за V for Vendetta како и движењето на Anonymous низ целиот свет, е одличен ден за да се направи ова видео. Погледнете што се користат Големите играчи, оние кои не сакаат да бидат видени и познати во светот со цел да ве задржат вас сиромашни а да ја задржат елитата од 1% што побогата и подалечна од нас обичните смртници.
Преоѓаме преку:
– Апликации на агрегирање и обработка на информации како Glassnode и Aladdin – кои вас не ви се достапни
– Армија од интелектуална сила која работи во нивна корист (Трејдери, Дата аналитичари, Аналитичари на посебни пазари, стручњаци за одредени индустрии, светски трговски зони и слично)
– Accredited investor – манипулација на правото за да не се дозволи сиромашните да можат да учествуваат во трансакциите на богатите!!!!
– Користење на вести – портали, телевизија, блогови, канали итн. за манипулирање на јавното мислење за вредноста на одредено добро на пазарот
– Различни видови на манипулации кои ги прават директно на пазарот – Wyckoff акумулација и дистрибуција, OTC, short и long squeeze, wash trade итн…
+ СПЕЦИЈАЛНА ДОЈАВА ВО ДЕТАЛИ ЗА ТРГОВИЈА СО ИНФОРМАЦИИ ПОМЕЃУ КОРПОРАЦИИ ОД ЕДЕН ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА НАШАТА ЗАЕДНИЦА!
Ова се само дел од оружјата во арсеналот на овие големци, за да се осигураат дека ќе останеме таму каде што сме во овој момент – СИРОМАШНИТЕ, РАСКАРАНИ 99%
Проследете го ова следно видео во нашиот напреден курс за техничка анализа на пазари, користење алатки на Trading view платформата, структури и начини на тргување на пазарот. Се надеваме ќе ги најдете корисни овие почетни видеа на нашиот канал и ќе научите нешто повеќе за техничката анализа. Сето она што е објавено на нашиот канал е од исклучиво едукационен карактер. Ве повикуваме да оставите ваш коментар со мислење околу нашите содржини и да ни помогнете да го унапредиме нашиот нов канал.
Секоја ваша помош со ставање на Like на нашите видеа, субскрипција на нашиот канал како и споделување на овие материјали помага во распространување на оваа незастапена наука во Македонија па и пошироко, за што сме ви однапред благодарни. Помогнете ни да пораснеме како канал за да можеме ние да помогнеме на многумина во нашата земја на кои им се потребни овие едукативни материјали. Ви благодариме за соработката и се надеваме уживате во нашите материјали.
Со почит – Крипто Гемиџија
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.