Колеција од најкористените изрази и фрази од крипто содржините на англиски. Пребарај го клучниот збор и прочитај за што се работи.
Изрази |
---|
AddyСленг термин за „адреса“, како во адресата на криптопаричник.
|
AirdropAirdrop претставува маркетинг стратегија со која се разделуваат токени кон адреси со цел да се промовира некоја нова криптовалута или токен. Мал износ од новиот токен се испраќа кон адреси на активни корисници од заедницата, што за возврат е потребно да вратат некоја мала услуга, како ретвит или споделување на содржини на социјалните мрежи.
|
AltcoinAltcoin се однесува на криптовалути кои се алтернатива на биткоинот, првата криптовалута.
|
ASICApplication-Specific Integrated Circuit е интегриран чип специфично дизајниран да да извршува една работа наместо да е направен за генерална употреба. Затоа овој вид на мајнер е најчесто употребуван за рударење на Биткоин.
|
BagholderТрговец кој ја пропуштил можноста да продава и останал да држи монети со мала или никаква вредност.
|
BearТрговец кој има негативно расположение за пазарот и очекува тој да се намали.
|
BearwhaleТрговец кој поседува многу крипто и мисли дека пазарот ќе падне.
|
Block ExplorerАпликација (пребарувач) кој ви овозможува да учествувате во блокчејн трансакции и обезбедува пристап до податоците во мрежата. Пример пребарувач за Биткоин (BTC) е Blockchain.com/explorer, за Етериум (ETH) EtherScan.com и тн.
|
Block HeightЦелосниот број на поврзани блокови на мрежата.
|
BlockchainБлокчејн е дистрибуирана база на податоци што чува дигитални податоци и функционира како компјутерска мрежа. Систем за одржување на безбедна и децентрализирана евиденција на трансакции кај криптовалутите. Иновацијата на блокчејн технолгијата е во тоа што ја гарантира верноста и безбедноста на записот на податоци (трансакции) и генерира доверба без потреба од верба кон трета лице за потврдување на истите податоците.
|
BlocksСекој блок на блокчејнот претставува збир на трансакции што се случиле. Како што трансакциите се потврдуваат, тие трајно се собираат во блокчејнот. Блоковите вклучуваат временски печат и се изградени на таков начин што не можат да се променат откако ќе се снимаат.
|
BullТрговец кој има позитивно расположение за пазарот и очекува тој да се зголеми.
|
BullwhaleТрговец кој поседува многу крипто и мисли дека пазарот ќе се оди нагоре.
|
Cold WalletОфлајн кладирање на јавните и приватните клучеви од вашиот паричник со нивно печатење на парче хартија или зачувување на надворешен хард диск што не е поврзан на интернет, со цел да се спречи губење преку хакирање.
|
Cold WalletБезбеден метод за складирање на вашите криптовалути целосно офлајн. Многу хардверски паричници се физички уреди кои изгледаат слично на USB-уред. Овој вид паричник може да помогне во заштитата на вашето крипто од хакирање и кражба, иако тој исто така доаѓа со свои ризици – како да го пример ако го изгубите, заедно со вашето крипто.
|
ConsensusАлгоритмот со кој се проверуваат и доставуваат трансакциите. Најпознати конценсус алгоритми се PoW (Proof of Word) и PoS (Proof of Stake).
|
dApps (Decentralized Apps)Апликации или програми што работат на блокчејн и надвор од контролата на централната власт. На пример, ако Twitter беше dApp, откако ќе се објави порака, никој не може да ја избрише, вклучувајки го и Twitter.
|
DexАкроним за “Decentralized Exchange” е термин за крипто менувачница што нема централен авторитет и работи комплетно на децентрализиран начин. Повеќе информации за децентрализираните менувачници тука.
|
Distributed LedgerДруго име за блокчејн, знали дистрибуирана (децентрализирана) сметководителска книга.
|
Fiat CurrencyВалута што ја создава владата и циркулира преку банките (декретна валута). Спротивно на тоа, криптовалутите се измислени во компјутерите и се циркулираат преку peer-to-peer мрежа, т.е., блокчејн.
|
ForkФорк се случува кога една блокчејн мрежа се дели на две или повеќе мрежи кои продолжуваат да работат паралелно. Форк може да се случи и намерно (планиран како апдејт) или не-намерно (програмерска лгрешка). Форк се случува секогаш кога заедницата прави промена на протоколот на блокчејнот или основниот сет на правила. Кога тоа ќе се случи, ланецот се дели – произведува втор блокчејн кој ја дели целата своја историја со оригиналот, но се движи во нова насока. Пример: Лајткоин (LTC) и Биткоин Кеш (BCH) се форкови на Биткоин (BTC).
|
GasНаградата што го ја добива мајнерот за потврдување и поднесување трансакции на Етериум мрежата. Барањето гас за секоја трансакција ги спречува хакерите да ја затнат(заглават) мрежата со неважечки трансакции.
|
Genesis BlockОва име е дадено на првиот блок на една блокчејн мрежа. Во случајот на Биткоин, првиот блок беше создаден на 3 јануари 2009 година со првите ископани 50 биткоини. Погледни го овој блок тука.
|
GweiНајмалата единица на етер. 1 gwei е еднаков на 0,000000001 ETH. Според тоа, 1 ETH е еквивалентно на 1 билион gwei.
|
HalvingКарактеристика запишана во кодот на Биткоин во која откако ќе се изрударат одреден број на блокови (обично на секои четири години), количината на нов Биткоин што влегува во оптек се преполовува. Преполовувањето може да има влијание врз цената на биткоинот. Погледни кога е наредното Биткоин преполовување тука.
|
HashНиза од букви и бројки што претставува потврдена и поднесена трансакција. Обично се нарекува Hash или TxID.
|
Hash RateБрзината со која мрежата ја потврдува и поднесува трансакцијата, со што се генерира нов хаш. Тоа е буквално просечната брзина со која блокчејн создава нови хашови и се пресметува во единици хаш/секунда.
|
HODLКако акроним за “Hold for Dear Life” или некоја варијација од истото искажува намера да се чува одредена криптовалута, токен или хартија од вредност на долгорочен план.
|
Hot WalletЈавните и приватните клучеви на вашиот паричник се зачувани на апликација која е поврзана на интернет и се користи за пристап до вашиот паричник. Вашите клучеви може да бидат украдени ако вашиот компјутер или телефон се хакирани.
|
NFTСкратено од “Non-fungible token” претставуваат уникатни дигитални податоци во форма токени кои живеат на мрежата. Може да бидат како слика, видео, музика или било каков друг дигитален податок што на децентрализиран начин може да се верификува адресата која е сопственик. Погледни ги најпознатите платформи за тргување со NFT токени OpenSea и Rarible.
|
NodeКомпјутер поврзан на блокчејн мрежа.
|
Peer-to-PeerДиректно вмрежување на два или повеќе компјутери еден со друг без централизирано трето лице кое дејствува како посредник.
|
Private KeyНиза букви и бројки што ја отклучуваат крипто адресата или паричник. Ова се лични податоци и никогаш не смеат да се споделуваат, исто како вашата лозинка или PIN.
|
Proof of Stake (PoS)Алгоритам кој му овозможува на компјутерот да ископува блокови пропорционално на тоа колку токени има. На пример, компјутер кој поседува 2% од достапните токени може да ископува најмногу 2% од сите блокови.
|
Proof of Work (PoW)Алгоритам кој им овозможува на повеќе компјутери поврзани на блокчејн мрежата да се натпреваруваат во “рударење” блокови. Првиот компјутер што ископува блок мора да докаже дека потрошил одредена количина на енергија за да го стори тоа пред новиот блок да биде прифатен од сите други компјутери во мрежата.
|
ProtocolСофтверот што ги поврзува блоковите и ги обезбедува правилата според кои новите блокови се додаваат во децентрализираната мрежа.
|
Public KeyНиза од букви и бројки што идентификуваат една крипто адреса. Ова е јавен податок и може да се споделува со други, исто како емаил или број на банкарска сметка.
|
SatsНајмалата единица Биткоин, што е еквивалентно на 0,00000001 БТК. SATS, исто така познат како Сатоши, се однесува на Сатоши Накамото, наводниот креатор на Биткоин.
|
Seed PhraseФраза од 12, 18 или 24 зборови до која вие и само вие имате пристап и која делува како резервна копија на вашите приватни клучеви. Ако го заборавите или изгубите вашиот приватен клуч, фразата за селекција ќе ви помогне да го вратите.
|
SidechainSidechain претставува посебна блокчејн мрежа што работи паралелно со друга блокчејн мрежа. Ова значи дека еден проект може да има неколку мрежи кои комуницираат меѓу себе и работат паралелно во реално време, но работат засебно и независно една од друга со посебен конценсус алгоритам.
|
Smart ContractПарче код кое “живее” и работи на блокчејн мрежа што ги прави криптовалутите “програмабилни” пари.
|
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата