Во оваа статија ќе дознаете се што ви е потребно за да започнете со рударење криптовалути или крипто мајнинг. Од децентрализираната природа на технологијата до практични примери и алатки што ќе ви помогнат во процесот на планирање и рударење криптовалути. Ако некогаш сте размислувале за “Како се копа Биткоин” или “Како да започнам со рударење на криптовалути” тогаш продолжете со читање.
Криптовалутите за разлика од декретните валути не се издаваат од централен авторитет, туку генерирањето на нови единици од една криптовалута се прави преку рударење (crypto mining). Ова значи дека издавањето на криптовалутите е запечатено во самиот код, што ни еден поединец неможе да го смени. Оваа транспарентност за издавањето на нови единици е клучна затоа што самиот тек на издавањето на нови токени е предвидливо и може да се верифицира со голема точност. Процесот продолжува се додека постојат трансакции на мрежата и постои процесирачка моќ што ќе ги “обработи” овие трансакции. За повеќе информации околу начинот на работа на криптовалутите и што ги прави поразчични од останатите декретни валути, прочитајте ја статијата Што се криптовалути.
Рударењето е процесот со кој се генерираат “нови” единици од една криптовалута. Компањето е базирано на користење на процесирачка моќ која може да решава комплексни математички равенки за брзо време. За потрошената процесирачка моќ, мрежата го наградува рударот со ново-издадената криптовалута. Со фактот дека рударот се наградува за извршената работа, има додатна финансиска мотивација да продолжи со рударењето што го прави овој систем на мотивации самоодржлив.
Издавањето на криптовалути преку рударење е возможно само на мрежите кои работат на Proof of Work (PoW). Најпопуларни мрежи што работат на PoW се Биткоин, Етериум, Лајткоин, Монеро и други. Целосната процесирачка моќ ја подобрува безбедноста на мрежата и го прави секој обид за двојно-трошење експоненцјално потежок и практично невозможен. Секако, постојат многу варијации на PoW алгоритмот каде што важат истите правила за рударење. Но некои мрежи имаат додатни елементи за поголема децентрализација, големина на блокови, времетраење на еден блок и тн.
Секој уред кој има процесирачка моќ технички може да рудари некој токен. Колку е практично и профитабилно зависи од целосниот перформанс на уредот, протоколот или мрежата. Ова значи дека може да се рудари и преку телефон, компјутер или лаптоп, но ова не би било исплатлив начин што може да се одржува.
За исплатлива мајнерска кариера потребни ви се напредни машини за крипто рударење и во зависност од кој токен сакате да го рударите потребни ви се или графички картички или ASIC мајнери.
Ова е дефинитивно најпопуларниот начин за рударење криптовалути и воедно најлесен начин да се започне. Се што ви е потребно е еден риг, односно посебен компјутер што содржи до 6 или до 8 графички картички.
Од компјутерски компоненти потребни ви се:
Оваа рударска машина (крипто риг) работи и функционира исто како и обичен персонален десктоп компјутер. Монитор во овој случај е непотребен, затоа што целото управување на машината може да се контролира онлајн. За избор на оперативен систем може да користите и MinerOS, MinerStart или SimpleMining. И трите се оперативни системи специфично дизајнирани за компјутери што рударат крипто и се подобра алтернатива од традиционалниот Windows.
ASIC (Application-Specific Integrated Circuit) мајнери се уреди со процесирачка моќ што се дизајнирани за извршуваат само една работа, а тоа е пресметување на хаш равенката од трансакциите на блокчејн мрежата. Ова ги прави овие мајнери супер ефикасни и профитабилни.
За разлика од графичките картици, ASIC мајнерите се нешто поскапи на пазарот и потребно е подобро планирање на простор затоа што се значително погласни од графичките картички.
Најпопуларни производители на ASIC мајнери се Bitmain, WhatsMiner и Canaan.
Crypto Compare Profitability Calculator 🔗
Едноставна апликација за пресметување на профитабилност при рударење на BTC, ETH, ETC, XMR, ZEC, DASH и LTC. Со внесување на параметри како потрошувачка на електрична енергија и моќност за уредот апликацијата ви пресметува профитабилност на даден временски период.
NiceHash Profitability Calculator 🔗
Слична апликација за пресметување на профитабилност, но се што ви е потребно е да внесете модел на уред и според тоа апликацијата ги прави пресметките.
CoinWarz 🔗
Сет од алатки дизајнирани за крипто рударење со цел да се максимизира профитот на вашите машини преку споредби, нови информации, преглед на тежина на рударење на различни мрежи во реално време и ред други корисни алатки.
Доколку сметате дека оваа статија ви даде вредност и повеќе знаење за процесот на рударење криптовалути споделете ја со некој што мѕ се потребни овие информации. Со секое споделување на статијава на социјалните мрежи ќе ни помогнете во работењето и одржувањето на Крипто Култура. За повеќе информации и дискусии на тема криптовалути, заследете не на Твитер @kripto_kultura или приклучи се на Криптовалути Македонија.
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
VeChain - VET/VTHO - Коин кој почнува како ERC20 токен во 2015 година а потоа…
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
fesovel
Онлајн крипто групи на македонски:
Група за крипто муабети – https://t.me/crypto_mkd
Група за мајнинг опрема и хардвер -https://t.me/+IQCnZ2hin5xiM2M0
Група за општи огласи – https://t.me/joinchat/iKR0CRyoZpM5NDJk Група за позитивни и негативни искуства https://t.me/+RKTd_3w53NO4z7jc
На ит.мк форумот има огласи за мајнери исто, види си, и искрено тие таму ти се посигурни пошто се проверени огласувачи.