Флип чартови – Нов мини серијал од неколку епизоди каде ќе објасниме како да ги користите чартовите на споредба на две крипто валути како ETH/BTC, ADA/ETH, DOT/ETH… Како истите можат дополнително да ви помогнат во стандардната анализа на криптовалути наспроти USD, како и користењето на овие чартови за тргување без вашите средства да бидат променети во USD во ниту еден момент од одреден Bull маркет. Во денешното видео правиме техничка анализа на останатите 3 криптовалути кои ги имаме во нашето портфолио наспроти ETH: ADA/ETH, XRP/ETH и DOT/ETH кои можат да ни помогнат во понатамошните анализи на овие коини. Дополнително, ги споредуваме цените на секој од овие парови преку претходните Bull и Bear периоди, за да видите и сами дека она основно правило по кое се движиме на пазарот навистина функционира – Во Bull маркет е подобро и попрофитабилно да се има помали маркет cap-ови додека во Bear маркет е подобро да се заштити капиталот со купување на поголеми маркет cap-ови! Во детали погледнете на нашето видео…
Проследете го ова следно видео во нашиот напреден курс за техничка анализа на пазари, користење алатки на Trading view платформата, структури и начини на тргување на пазарот. Се надеваме ќе ги најдете корисни овие почетни видеа на нашиот канал и ќе научите нешто повеќе за техничката анализа. Сето она што е објавено на нашиот канал е од исклучиво едукационен карактер. Ве повикуваме да оставите ваш коментар со мислење околу нашите содржини и да ни помогнете да го унапредиме нашиот нов канал.
Секоја ваша помош со ставање на Like на нашите видеа, субскрипција на нашиот канал како и споделување на овие материјали помага во распространување на оваа незастапена наука во Македонија па и пошироко, за што сме ви однапред благодарни. Помогнете ни да пораснеме како канал за да можеме ние да помогнеме на многумина во нашата земја на кои им се потребни овие едукативни материјали. Ви благодариме за соработката и се надеваме уживате во нашите материјали.
Со почит – Крипто Гемиџија
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.