Истражувањето на проектите од Blockchain сферата во кои го инвестирате вашиот капитал е од клучно значење за потенцијалниот профит од истите. Имено, без да вложите соодветно време за да преминете преку сите фактори кои би влијаеле на движење на цената во една и друга насока е резликата помеѓу инвестирање и коцкање на вашите тешко заработени пари. Во ова видео ги поставуваме основните категории на информации кои треба да ги прибавите пред да одлучите дали треба да инвестирате во одреден Крипто проект или не. Во текот на целото видео ви ги презентираме сите овие битни информации кои треба да ги прибавите, нивната важност како и начинот на кој можете да ги најдете со обично пребарување преку интернет. По ова видео, во нашиот мини серијал, ќе обработиме и неколку коини/токени по ваш избор, определено од резултатите од нашите Poll-ови на кои вие гласате, ќе ги примениме основите на истражување од ова видео.
Проследете го ова следно видео во нашиот напреден курс за техничка анализа на пазари, користење алатки на Trading view платформата, структури и начини на тргување на пазарот. Се надеваме ќе ги најдете корисни овие почетни видеа на нашиот канал и ќе научите нешто повеќе за техничката анализа. Сето она што е објавено на нашиот канал е од исклучиво едукационен карактер. Ве повикуваме да оставите ваш коментар со мислење околу нашите содржини и да ни помогнете да го унапредиме нашиот нов канал.
Секоја ваша помош со ставање на Like на нашите видеа, субскрипција на нашиот канал како и споделување на овие материјали помага во распространување на оваа незастапена наука во Македонија па и пошироко, за што сме ви однапред благодарни. Помогнете ни да пораснеме како канал за да можеме ние да помогнеме на многумина во нашата земја на кои им се потребни овие едукативни материјали. Ви благодариме за соработката и се надеваме уживате во нашите материјали.
Со почит – Крипто Гемиџија
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.