Диверзификацијата на вашето портфолио е од исклучива важност. Затоа го започнуваме овој проект за запознавање на нашите гледачи со различните Крипто категории на коини/токени, сферата во кои тие се и ќе се развиваат како и уникатноста на проектите кои се наоѓаат во сите овие категории. Во првото видео ве запознаваме со основните 18 категории кои имаат соодветни потенцијални проекти во сопствениот сектор и кои можат да бидат дел од вашето разнолико портфолио. Секое знаење здобиено во Bear маркетот е само ваша надградба за успешно одбирање на проекти кои навистина имаат иднина а и ќе резултираат со профит за вас.
Во останатите постови на страната ги обработуваме поединечно сите овие категории со нивните спецификации и најпотенцијалните проекти кои ги претставуаат… имаме многу време до следниот Bull маркет, да го искористиме конструктивно!
Проследете го ова следно видео во нашиот напреден курс за техничка анализа на пазари, користење алатки на Trading view платформата, структури и начини на тргување на пазарот. Се надеваме ќе ги најдете корисни овие почетни видеа на нашиот канал и ќе научите нешто повеќе за техничката анализа. Сето она што е објавено на нашиот канал е од исклучиво едукационен карактер. Ве повикуваме да оставите ваш коментар со мислење околу нашите содржини и да ни помогнете да го унапредиме нашиот нов канал.
Секоја ваша помош со ставање на Like на нашите видеа, субскрипција на нашиот канал како и споделување на овие материјали помага во распространување на оваа незастапена наука во Македонија па и пошироко, за што сме ви однапред благодарни. Помогнете ни да пораснеме како канал за да можеме ние да помогнеме на многумина во нашата земја на кои им се потребни овие едукативни материјали. Ви благодариме за соработката и се надеваме уживате во нашите материјали.
Со почит – Крипто Гемиџија
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.