Запомни дека ова што го правиме тука не е валута [Биткоин]. Ова е преработка на социјалните системи на организирање што досега работат со неуспех. Застарените системи на хиерархија од 18-от век веќе се заменуваат со рамни архитектури базирани на мрежи – без разлика дали тоа било мрежа како интернетот или било која апликација што работи на него, или самиот Биткоин. Валута е само првата апликација. Кога ќе имаш мрежа што може да ти понуди неутрална доверба, можеш да изградиш безброј апликации над неа, а притоа немора да бараш ничија дозвола.
Биткоин е многу повеќе од валута. Кога кажувам дека Биткоин е „Интернетот на парите“, не го потенцирам зборот „пари“, туку интернет. Добредојде во иднината на парите.
Текстот е преведен извадок од книгата “The Internet of Money” од Андреас Антонопулус. За повеќе информации за книгата и авторот кликни тука.
Андреас М. Антонопулос е најпродаван автор, говорник, едукатор и еден од најистакнатите светски експерти за Биткоин и отворени блокчејн мрежи. Познат по тоа што одржува одлични разговори кои комбинираат економија, психологија, технологија и теорија на игри со тековните настани, лична анегдота и историски преседан што без напор ги преведува комплексните теми како блокчејн технологија надвор од апстрактното ниво и директно во реалниот свет.
Добредојде на нашиот блог. Тука ќе ги најдеш сите статии од Крипто Култура и линкови до оригиналните содржини.
За да најдеш некој друг ресурс или апликација, погледни ги сите ресурси или колекции.
Privacy coins или Не детектирачки крипто валути е посебен blockchain дел од…
DCA – Dollar cost avarage представува стратегија на постепено инвестирање…
Помогни ни да ги најдеме најдобрите содржини
Не пропуштај да се зачленеш во единствената крипто листа на македонски!
Од заедницата - за заедницата
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.